Скандал: Гари Медел го нападна сопствениот тренер Синиша Михајловиќ

Чилеанскиот фудбалер Гари Медел го нападна сопствениот тренер Синиша Михајловиќ и предизвика голем скандал на мечот меѓу Лече и Болоња (2-3) во Серија А. Српскиот стратег пред крајот на првиот дел влезе во терен за да ги раздвои Медел и Тахцидис кои имаа жестока расправија, а потоа Чилеанецот се сврте кон својот тренер и го нападна. Беше тоа неверојатна реакција од која е згрозен фудбалскиот свет.

Вербалниот дуел меѓу Михајловиќ и Медел продолжи и во текот на натпреварот, а тој остана во игра и во второто полувреме. На крајот Болоња славеше и триумф на гости против Лече.

Се вчитува...