Скандал – Халанд „мртов пијан“ исфрлен од ноќен клуб (ВИДЕО)

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд влезе во центарот на скандал поради снимка на која се гледа како е исфрлен од ноќен клуб. Имено, фудбалерот на Борусија Дортмунд по завршувањето на сезоната во Бундеслигата се вратил во Норвешка каде го поминува слободното време.

Меѓутоа, тој малку повеќе се опуштил од потребното бидејќи е исфрлен од ноќен клуб, а фудбалерот сакал да се пресмета со обезбедувањето. Сепак, пријателите го спречиле во таа намера, па ситуацијата се смирила.

 

Се вчитува...