Бизарна и драматична сцена го одбележа јуниорскиот дел од Вимблдон. Младата 15-годишна германска тенисерка Ида Вобкер, моментално 24-та јуниорка во светот, беше исфрлена од турнирот откако случајно фрли рекет кој заврши меѓу гледачите во напад на фрустрација.
Инцидентот се случи за време на нејзиниот натпревар од првото коло против Марија Поп. Откако го загуби првиот сет со 6-0, Вобкер се бореше како лав во вториот сет, кој беше изедначен на 5-5. Сепак, по 44-тата неизнудена грешка во натпреварот, со која нејзината противничка стигна до клучиот поен, младата Германка целосно го изгуби трпението.
Во напад на бес, таа го тресна рекетот на тревата со сета сила. Сепак, рекетот отскокна од земјата под чуден агол, прелета преку оградата на теренот 11 и заврши право на трибините, удирајќи еден од навивачите.
Судијата веднаш го прекина натпреварот и го повика главниот супервизор на теренот. Иако првите информации потврдија дека за среќа повредениот гледач не претрпел никакви повреди, службените лица немале друг избор – строгите правила на Вимблдон и ИТФ не дозволуваат безбедноста на публиката да биде загрозена.
— Cristian (@tennisclips28) July 4, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
