Скандал на мечот меѓу Србин и Хрват на УС Опен: „Ова е Њујорк, не е..на Србија“ (ВИДЕО)

Скандалозна сцена на мечот од првото квалификациско коло на УС Опен меѓу Хамад Меѓедовиќ од Србија и Борна Гоја од Хрватска.

Виктор Троицки, кој е тренер на српскиот тенисер, влезе во конфликт со двајца американски навивачи кои постојано за време на целиот меч вербално го провоцираа Меѓедовиќ. Троицки, кој е и селектор на српската репрезентација, им се обрати со молба да престанат.

Но, неочекувано наиде на жесток револт од нив. Троицки остана прибран, но од спротивната страна потоа имаше постојани дофрлања: „Ова е Њујорјк, не е е..на Србија“!

На крај реагираше обезбедувањето, па навивачите по инцидентот беа исфрлени од трибините.

Се вчитува...