СКАНДАЛ на Мундијалот – Египетскиот голман ја одби навредливата награда!

Наградата за најдобар играч на натпреварите на Светското првенство во Русија предизвика голем скандал. Имено, покровител на оваа награда е „Бадвајзер“, американското пиво кое меѓу другото е познато во светот и по тоа што ја има украдено заштитната марка од чешкиот оригинал.

Но, тоа е пред се алкохолен пијалок кој пак е забранет во муслиманскиот свет. На тоа предупредија и неколку муслимански учесници на овој Мундијал. Сепак, „Бадвајзер“ остана покровител на наградата. Но, дека милионската спонзорска зделка на ФИФА, е навредлива за чувствата и верските определби на дел од учесниците на ова Светско првенство, покажа вчерашниот случај кога најдобриот играч на дуелот Египет – Уругвај, египетскиот голман Мохамед Ел Шенави без двоумење ја одби наградата.

Неговото извонредно издание на првот настап на СП во Русија, според протоколот требаше да биде наградено со статуата  со логотип на „Бадвајзер“ наменета за играчот на натпреварот. Но, Мохамел Ел Шенави се заврте и одби да ја прими наградата. На момчето кое требаше да му ја додели статуата, културно, но доволно сите да видат, му даде знак дека се откажува од наградата. Многумина овој настан го оценија како скандалозен за ФИФА.

Се вчитува...