Руската тенисерка Јана Сизикова беше уапсена на Ролан Гарос под сомнение за местење натпревари. Сизикова (26) беше уапсена во четвртокот вечерта по натпреварот од првото коло во двојки, меч која таа со нејзината партнерка Екатерина Александрова го загубија од Ајла Томjановиќ и Сторм Сандерс со резултат 6-1, 6-1.
Според „Ле Паризиен“, Јана по апсењето била однесена во Централната служба за игри на истражната полиција.
Обезбедувањето се обидело да го спречи апсењето на Сизикова, што се случило додека таа го напуштала третманот за масажа по натпреварот. Истрагата против неа беше покрената во октомври минатата година поради тврдењата дека натпреварот од првото коло на двојки на Ролан Гарос 2020, кој Сизикова и Медисон Бругл го загубија (7-6, 6-4) од романскиот пар Андреа Миту и Патриша Марија Тиг, бил наместен.
Истрагата беше иницирана од низа необични обложувања во вториот сет, а особено во петтиот гем, кој Сизикова го загуби на свој сервис. Наводно, биле вложени стотици илјади евра за обложување дека Русинката ќе направи двојна грешка во два наврати, што тоа и се случи.
? INFO LE PARISIEN | La joueuse russe Yana Sizikova, 26 ans, a été interpellée jeudi soir dans les travées de la Porte d’Auteuil
Elle est soupçonnée d’avoir perdu volontairement un jeu dans le cadre de paris truquéshttps://t.co/WOczRJREwD
— Le Parisien (@le_Parisien) June 4, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА