Скандал на Вимблдон: Медведев фрлаше пари кон судијката

Данил Медведев беше херој на првиот ден на Вимблдон со победата на Вавринка, но рускиот тенисер денеска ги шокираше тениските фанови со неговото однесување веднаш по мечот со Рубен Бемелманс.

Русинот славеше со 3-2, а веднаш по последниот поен и поздравот кон публиката тргна до својата клупа, го најде новчаникот, од него извади неколку монети и почна да ги фрла кон судијката. На инцидентот претходеше расправа во текот на мечот, кога Медведев по караница со судијката побара и нејзина смена, за што беше одбиен од страна на официјалните лица кои ги носат таквите одлуки.

Медвед го дочека крајот на мечот за да возврати, но и повеќе од јасно е дека Русинот ќе биде казнет од организаторот за ваквото однесување.

Се вчитува...