Скандал пред Суперкупот во Шпанија: Севилја одбива да игра со Барселона

Натпреварот од шпанскиот Суперкуп, кој треба да се одигра вечерва од 22 часот, е под знак прашалник поради заканите од Севилја дека нема да го игра мечот против Барселона.

На само 24 часа пред почетокот на Суперкупот, Шпанскиот фудбалскиот сојуз објави дека нема да има рестрикции за играчи надвор од ЕУ затоа што „Суперкупот не е професионален натпревар“ и со тоа предизвика незадоволство. Барселона и Севилја треба да играат во Мароко, но Андалужаните се закануваат со бојкот ако Барса има повеќе од тројца фудбалери кои доаѓаат надвор од ЕУ во записникот.

„Ние сме изненадени од одлуката на фудбалскиот сојуз на само 24 часа пред почетокот на мечот. А, во претходното соопштение поврзано со сезоната 2018/2019 јасно стои дека не е допуштено да се има повеќе од тројца фудбалери надвор од ЕУ. Без исклучок“ – порачуваат од Севилја.

Фудбалери на Барселона без ЕУ пасош се Видал, Малколм, Артур и Марлон. Кутињо доби португалски пасош преку сопругата, а Суарез и Меси веќе имаат ЕУ државјанство.

Се вчитува...