Голем скандал го потресе албанскиот фудбал по натпреварот меѓу Елбасан и Влазнија, откако претседателот на гостинскиот клуб, Албан Џафери, физички го нападна помошниот судија Ергис Спахиу, а видеото од инцидентот набрзо се појави во јавноста.
Натпреварот заврши со резултат 1-1, а на Влазнија им беа поништени два гола на крајот по интервенцијата на ВАР, што предизвика големо незадоволство кај гостите од Скадар.
Инцидентот се случил по завршувањето на натпреварот, додека Спахиу одел кон тунелот што води кон соблекувалните. Џафери му се приближил и го удрил, по што обезбедувањето веднаш реагирало, го заштитило помошниот судија и спречило понатамошна ескалација на конфликтот.
Албанскиот фудбалски сојуз потврди дека Спахиу бил нападнат од претседателот на Влазнија и остро го осуди насилството, со порака дека „е премината граница“, особено кога таквото однесување доаѓа од луѓе кои треба да го штитат фудбалот.
View this post on Instagram
Сега се очекува одлуката на Дисциплинската комисија, а Џафери се соочува со сериозна казна. Тренерот Еди Мартини е исто така под лупа поради неговото однесување на теренот и гестикулирањето.
Сепак, претседателот на Влазнија потоа се појави на состанок на стадионот „Лоро Боричи“, на кој присуствуваа претставници на различни клупски структури и навивачи, каде што целата приказна ја насочи кон судењето и третманот на неговиот клуб.
„Ние сме Влазнија и не сме овци. Никој не може да се потсмева на Влазнија, Скадар и овој град“, рече Џафери.
Тој верува дека проблемот со судењето во албанскиот фудбал трае многу подолго и достигна загрижувачки размери.
„Улогата на судиите стана гангрена за нашиот фудбал“, рече претседателот Влазнија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
