Скандал во Белград – Арена со свирежи кон Човиќ, кошаркарите веќе не сакаат да играат (ВИДЕО)

Дел од публиката на мечот меѓу Црвена Звезда и Олимпијакос во кој домаќините со пресврт славеа, го исвиркуваше плејмејкерот на домаќините Филип Човиќ, кој на теренот помина само пет минути.

Тренерот за „црвено-белите“ Дамир Шакота вели дека такво непочитување не доживеал во целата негова богата кариера.

„Можам одговорно да ви кажам дека во 46 години кариера не сум доживеал вакво непочитување какво што доби Филип вечерва. Не можам да го сфатам однесувањето на навивачите кон Човиќ кој е наш најдобар плејмејкер“, изјави Шакота. 

И Бранко Лазиќ се сложува со изјавата на својот тренер.

„Ова е последен пат да играме пред нашите навивачи во ваква атмосфера“, изјави Лазиќ. 

 

Се вчитува...