Скандал во Дејвис купот: Американците загубија меч поради дивеење на терен (ВИДЕО)

Големи борби се водат во Дејвис купот за заминување на финалниот турнир во Малага. Во групата која се игра во Сплит дојде и до инцидент кој го предизвика Франсис Тиафо.

Американецот ја бркаше негативата која неговиот тим го имаше против Холандија, по поразот на Томи Пол од Ван де Зандшулп.

Тиафо (11-ти тенисер во светот) играше против 24-от на светската лига, Талон Грикспор и го загуби првиот сет со 3-6, а го доби вториот во тај-брејкот со 9-7. Следеше драма во третиот сет, каде Холанѓанецот во тај-брекот поведе со 5-2 и одсервира ас кој беше досуден како аут. Тијафо можеше да одговори на топката, но откако беше досуден аут не ја префрли на другата страна, за да после челенџ и евидентно добрата топка беше досуден поен за Холанѓанецот. Тоа беше 6-2 и причина Тиафо да полуди.

„Како вчера во ваква ситуација поенот беше повторен, а сега е доделен нему?“ – викаше на судијата и почна да удира со рекетот по терен.

Поради тоа му беше изречена санкција со одземање поен, со кој Грикспор со 6-2 дојде и до 7-2 и победа на мечот за Холанѓанецот.

Со таа победа Холандија дојде и до предност над Американците од 2-0.

Се вчитува...