Скандал во ерменскиот фудбал: Уапсени двајца репрезентативци

Скандал го тресе ерменскиот фудбал на само три дена пред доаѓањето во Скопје на првиот натпревар од новата сезона во Ц лигата на УЕФА Лигата на нации и пресметката со Македонија на националната арена „Тодор Проевски“.

Двајца ерменски репрезентативци синоќа се уапсени во главниот град Ереван поради нарушување на јавниот ред и мир и физички напад на припадници на полицијата. Иако официјално не се соопштуваат нивните имиња, како што пренесуваат ерменските медиуми се работи за браќата Едгар Малакјан кој настапува за Ширак и има 19 настапи за репрезентацијата и Гор Малакјан кој е играч на Пјуник и има 18 репрезентативни настапи.

Едниот од браќата физички нападнал полицаец нанесувајќи му тешки телесни повреди. И двајцата во моментов се во притвор, а според ерменските закони им се заканува казна затвор до пет години.

Браќата Малакјан, иако претходно стандардно биле дел од репрезентацијата, сега не се на списокот на селекторот Хоакин Капарос за натпреварот во Скопје на 5. септември.

Се вчитува...