Скандал во Хрватска: На судија му се заканува долга суспензија поради аудио снимка

Хрватскиот фудбалски сојуз го суспендирала судијата Иван Бебек, откако во јавноста излезе аудио снимка како судијата коментира недосуден пенал за Хајдук на средбата со Локомотива.

Засега не е објавена висината на казната, но истата може да биде од шест месеци, па дури некои медиуми пишуваат и за доживотна суспензија.

Бебек наводно на снимка коментира како „требало да се почне со 2-0 за Хајдук, за навивачите да не „мјаукаат“.

Натпреварот завршил 1-0, а Хајдук се жалеше за недосуден пенал над Ливаја.

„Таа ситуација, Ливаја се врти и овој дига раце доаѓа до некој контакт по нозете, но Ливаја својата десна нога ја  турка на десно, има контакт и потоа таа нога се одбие од тој контакт и потоа самиот себе си ја сопнува ногата. Тоа што тој самиот ја сопнал ногата, тоа би било пенал да навистина конктакт имаше, односно Ливаја со своето движење на де дојде до противникот како и противникот до него. Тоа мене не ми е пенал, и не може да биде“ – наводно се слуша на снимката на која говори Бебек.

Ќе следува вештачење на снимката, и ако се потврди како автентична, тогаш на Бебек му се заканува казна.

Се вчитува...