Скандал во Италија: Нани во авион се степал со навивач на Лацио

Фудбалерот на Лацио, Нани, се степал со незадоволен навивач на Лацио, и тоа во авион, на летот од Калјари до Рим, пренесува италијанскиот „Медиасет Премиум“. Португалскиот репрезентативец со соиграчите се враќал од денешното гостување во Серија А, каде Лацио успеа да извлече бод (2-2) во последната минута од судиското продолжение.

Според италијанските медиуми, летот доцнел 20 минути затоа што навивачите кои биле на истиот лет со тимот на Лацио, жестоко ги критикувале фудбалерите. Најжестоки критики добил Нани, кој во еден момент избувнал и се степал со еден навивач на Лацио. Настанала голема мешаница, но обезбедувањето реагирало, по што страстите во авионот се смириле.

Се вчитува...