Скандал во Италија: Продавала кокаин, па суспендирана до 2044 година

Италијанската ММА натпреварувачка, Мара Ромеро Борела е суспендирана од ова натпреварување поради продажба на кокаин.

26-годишната Борела најпрво во 2014 година од страна на италијанската антидопинг агенција беше суспендирана на 15 години, но вложи жалба и одработи потоа уште неколку борби. И, жалбата не само што не беше усвоена туку казната е дополнително и зголемена па Италијанката нема да може да се натпреварува дури до 2044 година.

Причината за суспензијата е препродажба но и користење на недозволени супстанци. Ромеро Борела учествувала во продажба на кокаин заедно со своето момче Филипо Масерати, италијански рагбист. Сега и на двајцата им се заканува и кривична казна, освен онаа спортската, откако случајот е предаден на италијанската полиција.

Се вчитува...