Скандал во ЛШ: Наместен натпреварот ПСЖ – Црвена звезда?!

Црвена звезда загуби со убедливи 6-1 на гостувањето против ПСЖ, но исходот на овој натпревар е ставен под сериозен сомнеж по информацијата на влијателниот весник Л’Екип, според која претставник на белградскиот клуб бил подготвен да уплати пет милиони евра како облог за пораз на неговиот тим точно од пет гола разлика.

Според францускиот весник, овој обид на лицето кое се опишува како „висок функционер на српскиот првак“ предизвикал сериозен сомнеж, особено бидејќи станувало збор за превисока сума. За целиот случај е информирано француското обвинителство, како и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Информацијата е стигната од „извор чиј идентитет не е објавен, но чие педигре се смета за кредибилно).

Според Л’Екип, истрагата е официјално отворена, во овој дел се уште нема конкретни докази туку само оправдан сомнеж, па останува да се види дали ќе следат и официјални обвиненија за целиот случај.

Се вчитува...