Скандал во младинската кошарка: Родители тргнале да тепаат судии, мечот прекинат

Огромен скандал се случи за време на кошаркарски натпревар меѓу М18 екипите на Феникс 2010 и Вардар, кој беше прекинат откако навивачи влетаа на терен во обид да се пресметаат со судиите. Неофицијално, станува збор за родители на неколку кошаркари на Вардар, кои предизвикаа огромен инцидент, по што мечот беше прекинат и регистриран со службена победа на Феникс 2010.

Во записникот од натпреварот инцидентот е опишан: 

  • „Т.Г. на тренерот на КК Вардар Јованчев А. , поради приговор, впишана како Т1 .
  • Т.Г. на клупата на КК Вардар, поради влегување на терен, впишана во графата на тренерот како К1 .
  • Т.Г. на играчот на КК Вардар Петков М. (863), поради неспортска реакција а по обид за физички напад и закани кон судијата му беше досудена И.Г. впишана во графата на тренерот како К2 бидејќи во тој момент играчот имаше 5 лични грешки. Поднесена е пријава од страна на службените лица.
  • Поради досудени 3 технички грешки впишани во графата на тренерот ( Т1, К1, К2 ) административно беше ГД во продолжение.
  • Т.Г. на играчот на КК Вардар Атанасов П. (458), поради пцовки упатени кон судијата, по обид за физицки напад и закани кон судијата му беше досудена И.Г., впишана како И2 во графата за лични грешки на играчот. Поднесена е пријава од страна на службените лица.
  • И.Г. на играчот на КК Вардар Тачи М. (609) поради обид за физички напад и закани спрема судијата, впишана како И2. Поднесена е пријава од страна на службените лица.
  • Поднесена е пријава од страна на службените лица за играчот на КК Вардар, Хусеин Б. (466) поради обид за физички напад кон судијата Филиповски К.  и упатени различни пцовки и вулгарности.
  • Недолично однесување од страна на дел од гостинските навивачи. На 7:49 мин во 4-та четвртина по досудени фаул и техничка грешка од играч на КК Вардар, неколку лица од  публика влегоа во терен со цел да се пресметаат со службените лига, изреволтирани од одлуките на судиите, по што настана општ хаос.
  • По интервенција на полициските службеници, навивачите беа вратени на трибините.
  • Дел од навивачите пробаа да го прекинат снимањето на натпреварот и да ја земат камерата.
  • На натпреварот имаше редари кои не носеа на себе елеци со светлоодбојни ленти.
  • Редарската служба ја сочинуваа доброволно пријавени редари, родители на играчи од клубот и други лица.
  • Во моментот на прекинот на натпреварот резултатот беше 49-35 во корист на КК Феникс 2010.
  • Како преставник на КФСМ, по прекинот на натпреварот, поднесов прекршочна пријава против лицата од публиката кои влегоа на теренот, согласно Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски натпревари.

„Вардарци“ беа ригорозно казнети од страна на Комесарот за натпреварување, Среќко Хорват, четирите кошаркари добија суспензии, но и парични казни од по 40.000 денари, додека казни од по два натпревари суспензија добија и судиите Петровиќ и Филиповски.

Се вчитува...