Скандал во НБА – „Моравме да му пуштиме да даде 71 поен“ (ВИДЕО)

Ретки се кошаркарите во НБА кои на еден натпревар успеале да постигнат повеќе од 70 поени. Меѓу нив е и поранешниот центар на Сан Антониот Спурс, Дејвид Робинсон кој во сезоната 1993/1994 на Лос Анџелес Клиперс му уфрли 71 поен. Меѓутоа, скоро 20 години подоцна дознаваме дека нема ништо епско во овој перформанс.

Робинсон се бореше со младиот Шекил O’Нил за титулата најдобар стрелец, а во последниот меч му беше потребно да уфрли пет поени повеќе од Шек кој таа вечер својот меч го заврши со 32 поена. Во ЛА Клиперс во тоа време настапуваше Доминик Вилкинс, а бидејќи мечот за неговиот тим ништо не значеше рече дека им било наредено да му пуштаат на Робинсон.

„Тренерот Боб Вајс ни кажа дека му е наредено да ги тргне сите стартери во последните неколку минути од мечот. Го прашавме зошто? А, тој ни одговори дека така наредил сопственикот на Клиперс, кој сакал титулата најдобар стрелец да остане во Западната конференција“, се потсеќа Вилкинс. 

Се вчитува...