Скандал во ПСЖ: Рабио ја славел елиминацијата на „светците“ во ноќен клуб

Францускиот првак Пари Сен Жермен доживеа шокантна елиминација од Манчестер Јунајтед во осминафиналето на Лигата на шампионите, а Адриен Рабио го прославил тоа во ноќен клуб во Париз. Тој е во „војна“ со раководството на ПСЖ откако одби да го продолжи договорот и ќе си замине од „Паркот на принцовите“ на крајот на сезоната.

Рабио реши да се забавува само еден час по шокантниот пораз на соиграчите и е забележан во еден од најпознатите ноќни клубови во француската престолнина.

 

Се вчитува...