Скандал во Удине – Голманот на Милан излезе од терен поради расистички навреди, мечот беше во прекин (ВИДЕО)

Скандал на натпреварот меѓу Удинезе  и Милан во Серија А во Удине кој само уште еднаш го потврди проблемот со кој се соочуваат голем број фудбалери на светските терени.

Францускиот голман на Милан, Мајк Мањан во 6. минута од натпреварот доживеа тешки расистички навреди кои се повторија потоа по 15 минути, па Мањан го напушти теренот не сакајќи да продолжи со натпреварот.

Најпрво Мањан му ја соопшти својата одлука на судијата па се упати кон соблекувалната. Поддршка му дадоа и го следеа уште неколку фудбалери на Милан, но и на домашните, кои потоа го убедуваа, сепак, да се врати на теренот.

Токму поради поддршката која ја доби од фудбалерите на двата тима, па на крај со поддршка и од судиите и делегатот одлучи да се врати и по десет минути прекин натпреварот продолжи.

Овој потег на Мањан веднаш доби поддршка од голем број фудбалери и фудбалски работници кои преку социјалните мрежи искажуваат веднаш согласност со него, за да се стави крај на расизмот на спортските терени.

Се вчитува...