Скандалот во Наполи не стивнува: Кои фудбалери сакале да го тепаат синот на Де Лаурентис!?

Наполи вечерва го очекува дуелот со Џенова во 12. коло од Серија А. Но, атмосферата во тимот е далеку од идеална по скандалот кој се случува изминативе денови. По поразот од Рома минатата недела претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис одреди седумдневен карантин, но играчите го почитуваа само неколку дена па по мечот со Салцбург во Лигата на шампионите своеволно одлучија да заминат секој во својот дом. Сето тоа за хаос во клубот…

Фудбалерите одбиваа и да тренираат неколку дена, за да вчера конечно македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и соиграчите одработат тренинг на кој навивачите на Наполи се појавија и со транспарент „Почит“, во неколку наврати скандирајќи кон фудбалерите дека се платеници.

А, во меѓувреме, италијанските медиуми постојано се обидуваат да откријат кој од фудбалерите кој почнал штрајкот одбивајќи карантин. Веќе се шпекулира дека најголемиот виновник е Лоренцо Инсиње кој дури дошол и до судир со синот на претседателот Де Лаурентис, во обид и за физичка пресметка поради што го чека жестока казна. Во сето тоа се вплеткал и бразилскиот фудбалер од средниот ред Алан кој застанал во одбрана на Инсиње впуштајќи се со навреди кон синот на Де Лаурентис, кој е потпретседател на клубот.

Италијанците пренесуваат дека Алан е веќе ставен на трансфер листа, а клубот со сигурност го напуштаат и Дрес Мертенс и Хозе Каљехон на кои на крајот од сезоната им истекуваат договорите. Веќе е најавено дека сите фудбалери ќе бидат казнети и со 10% од платата.

Се вчитува...