Скандалозен однос на Томас Милер: „Играме против клошарите на Европа а ти ми даваш жолт картон?“

Баерн Минхен го декласираше Атлетико Мадрид во дербито на вториот ден од Лигата на шампионите триумфирајќи со убедливи 4-0. Но, мечот го одбележа ситуацијата во 20. минута кога Томас Милер доби жолт картон поради старт на бекот на гостите, Трипие.

Милер беше вчудоневиден од одлуката, а како натпреварите се играат без гледачи, јасно се слушна и на ТВ пренесот неговиот скандалозен однос и зборовите упатени кон главниот судија.

„Играме против најголемите клошари во Европа и добивам жолт за тоа? Се шегуваш?“ – реагираше Милер.

Откако Диего Симеоне стана тренер на Атлетико во 2011 година, шпанскиот клуб стана синоним за груб и грд фудбал со нагласок на одбраната и контранападите. Симеоне со таквиот стил на игра стигна и до бројни успеси со клубот, но фудбалска Европа не е голем поборник за таквиот стил.

Се вчитува...