Скандалозна изјава на аналитичар: Лукаку можеш да го спречиш само ако му фрлиш 10 банани да ги изеде

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку повторно е жртва на расизам. Расизам се уште е голем проблем на Апенините. Срамотен коментар даде италијанскиот фудбалски аналитичар, Лучијано Пасирани кој беше гостин на телевизијата „Топкалчо 24“. Тој ги оправда расистичките напади на навивачите на Калјари, велејќи дека тоа е единствената шанса да го сопреш Белгиецот.

„Ако одите еден на еден со него тој едноставно ќе ве убие. Единствен начин да го спречиш е да му фрлиш 10 банани да ги изеде“ – изјави Пасирани. 

Директорот на телевизијата веднаш се извини за скандалозната изјава и порача дека тој веќе никогаш нема да биде гостин на неговата телевизија.

Се вчитува...