Скандалозна изјава на претседателот на Бразил – Фудбалерите можат да играат, мала е шансата некој од нив да умре

Претседателот на Бразил Жеир Болсонаро ги повикува фудбалерите да го продолжат домашниот шампионат и покрај пандемијата од коронавирусот. Неговата изјава е контроверзна бидејќи напомена дека фудбалерите можат да се вратат на терените бидејќи шансата некој да умре од корона е многу мала.

„Многу луѓе во фудбалот сакаат тој да се врати бидејќи невработеноста тропа на вратата на клубовите. Фудбалерите ако се заразени со корона имаат малку шанси да умрат. Тоа поради нивната физичка состојба, сепак се спортисти. Одлуката за враќање на фудбалот не е моја, но можам да помогнам“, изјави Болсонаро. 

Бразил е една од земјите со најмногу регистрирани случаи на коронавирус во светот (87,187), а досега повеќе од 6 илјади луѓе го загубија животот.

Се вчитува...