Скандалозна насловна страница на угледниот „Кориере дело спорт“

Угледниот италијански весник „Кориере дело спорт“ утрешниот дерби натпревар од 15. коло во Серија А меѓу Интер и Рома го најави со скандалозна насловна страница, која предизвика огромен револт во италијанската јавност.

Весникот со речиси 100-годишна традиција се појави со насловна страница на која се црномурестите Ромел Лукаку и дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг со огромен наслов „Црн петок“. Под овој невкусен сензационалистички наслов, и тоа во годината кога италијанскиот фудбал но и целокупното општество се соочуваат со најголемиот бран расизам во историјата, „Кориере“ со мали букви пренесува и: „Од доаѓањето од Манчестер јунајтед во Италија тие се важен дел од своите тимот, а зазедоа и цврст став против расизмот…“.

И покрај обидите да се заштитат со објаснувањето дека сето тоа е борба против расизмот, уредувачкиот тим на весникот доби жестоки критики со оценка како „промашена и расистичка насловна страница“, комбинирана со невкусна шега.

 

Се вчитува...