Скандалозни пораки кон Црвена Звезда во Подгорица: Ќе ве заколеме!

Атмосферата во финалната серија од АБА-лигата е зовриена. Во пресрет на вечерашниот трет меч кој ќе се игра во Подгорица, синоќа се случил инцидент. Нападнати се кошаркарите на Црвена звезда во хотелот во кој престојувале. За среќа, нападите биле само вербални, а реагирало обезбедувањето пред да има и физичка пресметка.

„Ќе ве претепаме! Ќе ве заколеме!“, извикувале неколку фанови на Будуќност кои имале блиска средба со капитенот Бранко Лазиќ и со центарот Ален Омиќ. Потоа се вмешале и тренерот Душан Алимпијевиќ и останатите кошаркари на Црвена Звезда, по што реагирала и полицијата.

По два меча од финалната серија резултатот е 1-1, а во наредните два натпревари домаќин ќе биде тимот на Будуќност. Серијата се игра до три победи, а победникот обезбедува место во Евролигата за следната сезона. Вечерашниот трет меч е закажан од 20 часот.

 

Се вчитува...