Скандалозно… Ејупи уапсен во Хрватска откако со пријател претепале лице во Копривница

Македонскиот интернационалец Музафер Ејупи е приведен во полициска станица откако во вторникот вечер заедно со пријатели учествувале во физичка пресметка во центарот на Копривница.

Принт скрин од написот на www.podravski.hr

Како што пренесува хрватскиот портал „Подравски“, Ејупи заедно со негов пријател претепале познат жител на Копривница, кој се здобил со тешки телесни повреди, по што веднаш се уапсени. Од хрватската полиција наведуваат дека случајот се истражува а за Ејупи и останатите учесници во физичката пресметка се подготвува кривична пријава.

„На 25. септември во 19:40 часот на улицата „Антун Немчиќ“ во Копривница, дошло до физичка пресметка меѓу три лица на возраст од 52, 32 и 31 година. 53-годишното лице се здобило со тешки телесни повреди, а другите двајца со лесни повреди. Две лица се приведени и се истражува случајот“ – се наведува во полицискиот извештај.

Се вчитува...