Скандалозно однесување на тренерот на Баерн во Евролигата: Со бокс во стомак за најмладиот играч во тимот (ВИДЕО)

Баерн загуби во 17. коло од Евролигата на домашен терен од Басконија со 76-81, но мечот го одбележа скандалозното однесување на тренерот на Баварците, Андре Тринкиери.

Тренерот на тимот од Минхен за време на еден тајм-аут со бокс во стомак го удри 20-годишниот Џејсон Џорџ, кој е најмлад во ростерот на Баерн, а потоа го турна кон клупата.

Однесувањето на италијанскиот стратег наиде на лавина коментари во Германија, со силни осуди за односот на тренерот кој води екипа во најсилната лига во Европа.

А, интересно, Џорџ имаше само две минути на паркетот но без некој забележителна грешка па за германската спортска јавност е нејасно зошто Транкиери се лутеше на најмладиот член во тимот.

Се вчитува...