Скандалозно однесување во Бундеслигата: Го покоси противникот, па го плукна… (ВИДЕО)

Скандалозно однесување на дефанзивецот на Шалке 04, Озан Кабак на дуелот против Вердер (1-3) во второто коло од Бундеслигата.

Кабак, најпрво го покоси противничкиот фудбалер Лудвиг Аугустинсон, а потоа и го плукна. Изненадувачки за сето тоа мина неказнето, но правдата барем делумно е задоволена дополнително затоа што на крајот од мечот поради два остри старта Кабак заработи црвен картон.

Schalke’s Ozan Kabak spits at an opponent after fouling him. from r/soccer

По мечот тренерот на Вердер, Флоријан Кохфелд истакна:

„Тоа беше чист црвен картон, но пред се нешто на кое апсолутно не му е место на фудбалските терени“.

Кабак по крајот на натпреварот се извини на социјалните мрежи.

„Сакам искрено да му се извинам на Аугустинсон. Не ми беше намера тоа да го направам, ете се случи. Не сакав него да го плукнам, но во жарот на борбата рефлексно. Никогаш досега не сум направил нешто слично, ниту ќе направам во иднина затоа што тоа е неспортско однесување. Тоа беше навистина лошо. Се извинувам“ – напиша Кабак.

Се вчитува...