Скариоло е пред отказ во Реал Мадрид

Серџо Скариоло пред еден месец беше на чекор да го искачи Реал Мадрид на врвот на кошаркарска Европа. Тоа не се случи, „кралевите“ во неизвесен финиш загубија од Олимпијакос, но дното беше допрено откако Реал беше елиминиран уште во четвртфиналето од домашниот плеј.

Ова е апсолутен неуспех ако се знае дека Реал цели 15 години во низа освојува најмалку по еден трофеј, серија што неочекувано е прекината токму под водството на Скариоло. Информациите од Мадрид говорат дека славниот тренер воопшто не е сигурен на функцијата, напротив, огромни се шансите тој до крајот на месецов да добие отказ.

Флорентино Перез во моментов е максимално фокусиран на претседателските избори и на преговорите за фудбалскиот тим, но актуелниот прв човек на Реал не го крие разочарувањето од сработеното. Очекувањата беа огромни, а последен што не освоил трофеј во цела сезона со Реал и успеал да не добие отказ е Еторе Месина во 2010 година.

Скариоло според мадридските медиуми нема да има таква среќа, бидејќи Флорентино е решен како и во фудбалскиот, така и во кошаркарскиот клуб. Останува да ги почекаме претседателските избори, а потоа и конечната разврска на оваа тема во Реал Мадрид.

Се вчитува...