Скариоло по 21 година се враќа во Реал Мадрид?

Еден од најдобрите кошаркарски тренери и шампион со Шпанија минатата година, како и актуелен тренер на Виртус Болоња, Серџо Скариоло би можел по завршувањето на сезоната да го презеде Реал Мадрид.

Најтрофејниот клуб во Европа, десеткратен освојувач на Евролигата, оваа сезона му ја даде довербата на Чус Матео кој остварува добри резултати. Реал е второпласиран во лигашкиот дел на Евролигата, но управата на мадридскиот тим размислува да го смени тренерот пред наредната сеззона и веќе стапила во преговори со Скариоло.

Италијанецот веќе беше во Реал од 1999 до 2002 година, и во тој период ја освои титулата со тимот. Тој е на клупата на Шпанија од 2015 година, а дури четири пати ја освои европската круна.

Скариоло веројатно би ја прифатил понудата од Реал, за да го освои трофејот кој му недостасува, оној во Евролигата.

Се вчитува...