Скариоло прв фаворит за преземање на Торонто

Многу успешниот престој на Серхио Скариоло во Виртус е при крај. Различни опции се на маса за италијанскиот тренер, а една доаѓа од НБА.

Според „Газета“, Скариоло наводно е еден од тројцата кандидати за нов тренер на Торонто Репторс. Селекторот на Шпанија веќе работеше во Торонто од 2018 до 2021 година како помошен тренер на Ник Нурс, а во 2019 година франшизата од Канада стигна и до титулата во НБА лигата.

Скариоло го освои Еврокупот со Виртус, а ја извршува и функцијата селектор на Шпанија, со која има четири европски и светски злата, олимписко сребро и бронза, како и европска бронза.

Се вчитува...