Скаути на Фрајбург го следеа Филиповски од Силекс на мечот со Ренова

Скаути на германскиот бундеслигаш Фрајбург вчера биле во Кратово и го следеле настапот на младинскиот репрезентативец Кристијан Филиповски, кој е член на Силекс. Одличниот играч за врска на кратовскиот тим оваа сезона блесна на натпреварите од Првата лига, а неговата игра е „скенирана“ од неколку европски клубови. Филиповски е еден од фудбалерите кои се и на поширокиот список на селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски.

Силекс вчера одигра одличен натпревар против Ренова и славеше со 3-0, а Филиповски повторно беше еден од најзабележителните фудбалери во својот тим.

Се вчитува...