Скаути на Манчестер сити, Фиорентина, Аталанта… вечерва во Виена ќе го следат мечот меѓу Австрија и Македонија

ЕКИПА во Виена,

Никола Ѓуровски

Како што информираат од Австриската фудбалска федерација, скаути на десеттина европски клубови испратиле официјален допис со најава за присуство на квалификацискиот натпревар меѓу Австрија и Македонија вечерва од 20:45 часот на „Ернст Хапел“ во Виена.

Според последните информации на трибините на најголемиот австриски стадион ќе бидат скаути на Манчестер сити, Фиорентина, Аталанта, Келн, Вулверхемптон, Ла Коруња, Аланијаспор…, но и претставници на Израелската и Холандската фудбалска федерација.

Без сомнение, сето тоа е дополнителен мотив за дел од македонските репрезентативци кои ќе се најдат во составот на Игор Ангеловски поради бројните откажувања на стандардните првотимци поради повреди и жолти картони. Убава шанса, како мотив плус, за Тошевски, Зајков, Дарко Велковски, Ѓорѓев, Стојановски… кои се очекува да бидат дел од составот поради отсуството на Муслиу, Николов и Несторовски поради жолти картони и Алиоски, Адеми, Тричковски, Бејтулаи поради повреди. Неизвесен е настапот и на капитенот Горан Пандев.

Се вчитува...