Скендеровски: Максимално сме посветени на мечот со Италија, но јасно е дека ќе биде многу тешко против поранешниот европски шампион

Македонската футсал репрезентација денеска од 20 часот во Катанија против Италија го игра третиот натпревар од Групата 10 во квалификациите за Светското првенство 2024.

Репрезентативците, како што вели селекторот Васко Скендеровски, се подготвени за предизвикот против една од најдобрите европски селекции иако е јасно дека ги чека повеќе од тешка задача против поранешниот европски шампион.

Последниот квалификациски дуел за избраниците на Скендеровски е на 5. март против Шведска во Скопје. По два натпревари, на чело на табелата во Групата 10 со 4 бода е Италија, Шведска е втора со 3 бода, а Македонија на третото место со еден бод.

Се вчитува...