Склекови со три деца на грб – Шенгелија тренира во самоизолација (видео)

Тренинзите во Шпанија се откажани, но кошаркарот на Басконија, Торнике Шенгелија, сепак наоѓа начин да остане во форма. Тој помага во чувањето на трите деца, а кога ќе дојде време за тренинг, тие се тука за да му ја отежнат работата – па му се качуваат на грб додека тој прави склекови.

Погледнете како изгледа „домашниот тренинг“ на грузискиот кошаркарски интернационалец…

Се вчитува...