Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа скок од 11. места на последниот ВТА ранкинг и во моментот е 178 најдобра тенисерка на светот.
Покрај Ѓорческа, скок на листата забележа и Магдалена Стоилковска која сега се наоѓа на 1223 место што е за осум места подобро од ранкингот претходната недела.
Пад од четири места на АТП листата пак забележа Калин Ивановски кој во моментот е 330 најдобар тенисер на светот, но очекувањата се дека Македонецот ќе има значаен напредок по денешниот пласман во групната фаза од Челинџеот кој се одржува во Кобе.
Горазд Србљак забележа скок од осум позиции и сега се наоѓа на 1042 место, додека пораст на листата забележа и Обрад Марковски кој напредна за шест позиции и сега го завзема 1466 место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА