Скок од 30 места за Ѓорческа на последната ВТА листа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по вчерашната победа на турнирот во Куршумлијска Бања во Србија забележа скок од 30 места на последниот ВТА ранкинг и сега е 186. пласирана тенисерка на светот со што се приближи до рекордното 170. место кое го завзема во јуни 2017 година.

Скок на последниот ВТА ранкинг забележа и Магдалена Стоилковска која во моментов е на 1237. место што е за седум места повисоко од последниот ранкинг.

Во машка конкуренција пак нашите тенисери не забележаа големи промени. Единствен кој забележа скок на позиција е Обрад Марковиќ кој сега е рангиран како 1374. тенисер на светот.

Калин Ивановски останува со најдобар ранг, но младиот тенисер забележа пад од едно место и сега е на 331. позиција. Пад од една позиција имаше и Горазд Србљак кој сега е 1101. најдобар тенисер на светот.

Се вчитува...