Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа напредок од 40. места на последниот АТП ранкинг.
Ивановски се врати во натпреварувачки ритам по тешката повреда и со добрите настапи скокна на 982. место на светската ранг листа.
Горазд Србљак пак забележа пад од 43. места и сега е на 1196. место.
Пад од 13. места забележа и најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа која сега е на 320. позиција на ВТА листата, додека Магдалена Стоилковска го завзема 1307. место што е за девет места подобро од последниот ранкинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА