Искусниот аргентински кошаркар Луис Скола непријатно ги изненади своите сонародници. Скола кој веќе 20 години настапува за репрезентацијата на Аргентина, изјави дека не се чувствува како Аргентинец.
„Не се чувствувам како Аргентинец. Не чувствувам како да му припаѓам на некого, туку како да сум насекаде. Гледам многу различно на националноста. Чувствувам како ги имам искоренето предците. Кога сум долго на едно место станувам анксиозен“, изјави Скола.
Скола минатата година беше дел од репрезентацијата на Аргентина која го освои сребрениот медал на Мундијалот во Кина, а со „гаучосите“ се радуваше и на златниот медал на Летните олимписки игри 2004 во Атина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА