Сколс до Мурињо: Ти си најголемиот срам за Манчестер јунајтед!

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс не можеше да ги запре критиките кон менаџерот на „црвените-ѓаволи“ Жозе Мурињо и по последниот пораз од Вест Хем.

Јунајтед е во очајна серија порази, поради што сосема очекувано главна мета на напади е португалскиот стратег. За Сколс е зачудувачки како може Мурињо по секој пораз на тимот да изјавува дека е задоволен од играта…

„Јас сум најпрво зачуден што тој се уште е на клупата на Манчестер јунајтед по оној пораз од Вест Хем. Навистина не можам да разберам зошто го чуваат кога тој е најголемиот срам за клубот? Па уште и на секоја прес-конференција постојано се жали на фудбалерите, на луѓето околу него, на клубот, на раководството зошто не му донеле потребни играчи. Зборува неконтролирана и несоодветно за неговата функција, едноставно го срами клубот. Тој треба да се избрка од Манчестер“ – порачува Сколс.

Се вчитува...