Сколс: Јунајтед ќе ја освои Премиерлигата

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс верува дека неговиот поранешен клуб може да ја заврши сезоната на врвот на табелата, или дури и да ја освои Премиерлигата.

На тимот на Оле Гунар Солскјер му претстои исклучително возбудлив период, бидејќи во следните 16 дена ќе има пет натпревари.

„Мислам дека Јунајтед ќе успее да дојде до самиот врв, ако повеќето играчи успеат да останат во добра форма на следните натпревари. Почнаа да играат возбудливо. Оле многу ја смени екипата, на овие момци најмногу им одговара формацијата што сега ја претпочита „4-2-3-1“. Фернандез како „десетка“, кој ги разигрува со одлични додавања Марсијал, Рашфорд и Гринвуд, е неверојатен. Тие се меѓу најдобрите и најбрзите голгетери во Европа кога ќе добијат одлична можност. Проблемот е да се има посед и да се воспостави контрола со Погба и Матиќ. Двајцата треба да ја контролираат играта, на Фернандез му треба поддршка. Кога ќе го постигнат тоа, тие ќе бидат незапирливи“, вели Сколс.

Дали оваа победничка форма може да ја задржи Манчестер Јунајтед, останува да се види веќе  утре во 17:30 часот кога „црвените ѓаволи“ ќе бидат домаќини на Лидс.

Се вчитува...