Сколс: На Манчестер јунајтед очајно му треба Лука Модриќ

Легендарниот Пол Сколс е убеден дека на Манчестер јунајтед му треба фудбалер како Лука Модриќ.

Златниот период на „црвените ѓаволи“ заврши а сега им недостасува квалитет… Зборувајќи за фудбалери кои би можеле да донесат свежина во играта на Јунајтед, Сколс тврди дека единствено решение е хрватскиот репрезентативец.

„Кога ќе ги погледнам фудбалерите на Јунатед веднаш гледам дека им недостасуваат неколку играчи од светска класа. Посебно во средниот ред. И мислам дека Модриќ тука одлично би се снашол“ – вели Сколс и дополнува:

„Тој е фудбалери кој знае да ги поврзе линиите и да ја контролира средината од теренот. Играч кој креира шанси!“

Пол Сколс одигра 17 незаборавни сезони за Манчестер јунајтед во Премиер лигата, со вкупно 676 настапи за „црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања и со 150 погодоци. Со Јунајтед освои 10 премиерлигашки наслови, три ФА купа и две титули шампион на Европа.

Се вчитува...