Поранешниот легендарен фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, јавно побара да му бидат доделени шампионските медали во Премиер лигата за сезоните во кои неговиот тим заврши како втор зад Манчестер сити, доколку независната комисија одлучи да им ги одземе пехарите на „граѓаните“ поради сериозно кршење на финансиските правила.
Оваа реакција на Сколс доаѓа откако независната комисија утврди дека Манчестер сити, преку неколку комерцијални партнери, склучувал „фиктивни договори“. Според извештајот, овие договори биле дел од добро осмислена шема за прикривање на тајно финансирање на клубот во вкупен износ од над 830 милиони фунти.
„Ако ги прекршиле правилата и со тоа стекнале предност, тогаш титулите треба да им бидат одземени, а медалите да одат кај оние кои играа чесно и завршија веднаш зад нив“, истакна Сколс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
