Скопје бркаше триумф од два гола со Победа…, голот на Алексовски само за надеж… (ВИДЕО + ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје бркаше триумф од два гола предност против Победа како би бил во подобра меѓусебна позиција доколку на крајот е со ист број бодови со прилепчани, но не успеа да стигне до тоа.

Тимот на Љупчо Марковски славеше со 1-0 против Победа со голот од пенал на Ѓоко Алексовски во 17. минута…

Сега во последното коло, Скопје ќе мора да се надева на реми или победа на гостувањето против Работнички, но само доколку Победа загуби од Ренова. Во случај и Скопје и Победа да триумфираат во последното коло, тогаш Победа ќе ја избегне преселбата во понизок ранг и низ бараж ќе го бара опстанокот во Првата лига.

 

Се вчитува...