Скопје ги поздравува европските шампиони – на гости доаѓа Порто

Вардар извонредно ја почна новата сезона во Лигата на шампионите, а по триумфот на гостувањето во Монпелје „црвено-црните“ првиот домашен натпревар ќе го играат денеска против екипата на Порто (17 часот, СЦ „Јане Сандански“). Ова воедно ќе биде прв домашен меч на „вардарци“ во ЛШ по освојувањето на втората европска титула, па избраниците на Писонеро со право очекуваат полни трибини за денешниот дуел.

„Секогаш сме возбудени кога почнува ЛШ, но сега едвај чекам да излеземе на терен, пред полна сала како европски шампиони. Очекувам салата да биде полна и да ја добиеме поддршката од трибините како и секогаш“ – истакнува Дибиров.

Вардар важи за голем фаворит „на хартија“, но тренерот Писонеро предупредува дека португалскиот првак може да биде многу незгоден, инсистирајќи на играта „седум на шест“ во нападот.

„Порто игра „седум на шест“, тоа е нивни препознатлив стил на кој ние ќе мораме да се навикнеме. Ова ќебиде наш прв домашен меч во ЛШ, ќе сториме се за да победиме пред нашата публика“ – порача Писонеро.

Се вчитува...