Скопје го совлада Јуниор Кисела Вода за прв триумф во Суперлигата

Ракометарите на Скопје стигнаа до првата победа во Суперлигата откако славеа над екипата на Јуниор Кисела вода со 28-26. Домаќините ја има контролата на мечот, но гостите не се предадоа па приредија интересн финиш.

По изедначената игра во воведот на првото полувреме домаќините со серија од 5-1 стигнаа до предност од 9-4, а истата ја задржаа и до крајот на првото полувреме (15-11) и покрај тоа што во еден момент гостите намалија на негатива од три гола.

Домаќините ја задржаа комотната преднсот и во поголемиот дел од второто полувреме, но гостите не се предадоа. Напротив, одиграа одлично во финишот на мечот и во последната минута влегоа со негатива од 28-26, но голманот Радовановиќ одбрани кога беше најпотребно и не доволи луда завршница.

Жарко Барјактаревиќ со шест и Леонид Киселовски со пет гола беа лидери на Скопје, додека со пет гола Дарио Симоноски беше лидер на Јуниор Кисела Вода.

Се вчитува...