Скопје има два ривали за завршницата на АБА2

МЗТ Скопје во четвртиот обид да стигне до „елитата“ на регионалната кошарка може да има помош од своите навивачи со оглед на тоа што Скопје е еден од тритте кандидати за организатор на овогодишното издание на завршницата на АБА2 заедно со Сараево и Белград.

Одлуката за тоа кој ќе биде организатор ќе биде познат во периодот помеѓу осми и десетти март, а завршниот турнир ќе се одржи во средината на месец април.

„Аплицирањето за завршниот турнир ќе се одлучува во наредните денови по состанувањето на раководството на лигата и сеуште не знаеме дали нам ќе ни се додели. Ривали за тоа ни се Сараево и Белград. Имаме реални шанси, но одлуката ќе биде позната од осми до десетти март. Завршниот турнир ќе биде 11, 15 и 17 април“, изјави спортскиот директор Филип Ѓоревски.

МЗТ Скопје во првата година во АБА2 настапот го заврши како вицешампион, а потоа го разигрувањето со Задар не успеа да слави во две победи и покрај тоа што направи „брејк“ на гостински терен. Во втората година поради Ковид-19 не доби шанса да се избори за место во плејофот, додека минатата година настапот го заврши во четвртфиналето каде за противник во двомечот го имаше Младост Земун.

Се вчитува...