Скопје подобар од Нирнберг, на спортски план (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопските средношколци во екипи формирани од најдобрите тимови во ланската сезона во гимназиска конкуренција во неколку спортови имаа одлично издание на гостувањето во Нирнберг. Во натпреварувањето во четири спорта, во двете конкуренции, скопските  ученици забележаа шест победи, а имаа само еден пораз.

Противници беа екипи кои го претставуваа елитното училиште „Бертолд Брехт“ за фудбал и други спортови, како и градски екипи од Нирнберг.

Екипите на Скопје ги добија дуелите во кошарка и во ракомет во двете конкуренции, победија одбојкарките, а единствено половичен беше билансот на футсалците, девојките загубија, но следуваше одмаздата на момчињата, кои пак се покжаа и како одлични гости  оставајќи ја соблекувалната во „јапонски“ стил.

Натпреварите на најдобрите спортски екипи од средните училишта од Скопје во Нирнберг се продолжение на праксата за организирање вакви натпреварувања, а во изминатите години се организираа патувања во Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија и во Белград.

 

 

Се вчитува...