Светскиот натпревар од серијата „Светски пинг-понг (WTT) Скопје 2025“ ќе се одржи од 9 до 15 јуни во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Ова е прв настан од овој тип во организација на Пингпонгарската федерација на Македонија, а Скопје ќе биде еден од неколкуте светски градови каде што овој тип на натпреварувања се одржуваат во 2025 година.
Од пријавените имиња може да се издвојат Дмитриј Овчаров и Бенедикт Дуда.
Претходно Скопје беше домаќин на три последователни “WTT светски натпревари за младинци“, а минатата година тука се одржа Европското првенство за играчи до 21 година.
Во септември ќе се одржи и четвртиот по ред „WTT светски натпревар за младинци“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА